
Ферари во првиот ред: Леклер со пол-позиција во Мајами
Возачот на Ферари имаше најбрз круг во квалификациите со време од 1:29,474 минути. Крај него во првиот ред ќе стартува тимскиот колега Карлос Сајнц Јуниор. Зад нив следуваат двајцата возачи на Ред Бул, Макс Ферстапен и Серхио Перез. Валтери Ботас е петти, а потоа следуваат Луис Хамилтон, Пјер Гасли, Ландо Норис, Јуки Цунода и Ленс Строл.
За Леклер ова е трета сезонска пол-позција во квалификациите. Утрешната трка во Мајами стартува во 21:30 часот по средноевропско време.