Бањаја го доби директниот дуел со Маркез и славеше на Арагон (ВИДЕО)

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја стигна до првата победа во кралската класа во кариерата откако славеше на трката за Големата награда на Арагон.

Италијанецот на 13. трка сезонава во Мото ГП шампионатот успеа да слави по неверојатниот дуел со осумкратниот светски шампион Марк Маркез.

Возачот на Репсол Хонда во последните три круга се обидуваше на секаков начин да го премине Бањаја, но Италијанецот секој пат успешно возвраќаше и го обезбеди првото место.

На нив двајца на подиумот им се приклучи Жоан Мир од Сузуки.