Автомобилистка остана без гребнатинка после стравична несреќа на рели во пустина (ВИДЕО)

Автомобилистката Клаудија Хурген доживеа стравична несреќа викендов на рели со електрични автомобили во серијата „Екстрим Е), откако се преврте со возилото неколкупати, но за среќа остана без гребнатинка.

Германката возеше Одисеј 21 Е-СУВ, па на еден свиок се преврте и како на акциските филмови возилото леташе и се превртуваше.

„Се спуштив по една од дините, се обидов да свртам во десно и удрив во некој камен. Тогаш сфатив дека ја губам контролата над возилото и се обидов да ја исправам работата, ама беше прекасно. Многу брзо сфатив дека нема шанси да се извлечам. Најголем проблем по несреќата беше што не работеше радиото. Можев да ги слушам колегите, ама не и да им се јавам дека сѐ е во ред. Додека ја чекав помошта, ми се чинеше дека поминаа часови. Имаше малку крв, ама ништо страшно“, рече Хурген.