Зенитовци ќе се собираат на плоштадот „Филип Втори“ (ФОТО)

Навивачите на првиот вардаров противник во групната фаза во Лигата на шампионите, Зенит ќе се собираат во строгиот центар на градот, од каде со полициска придружба ќе бидат спроведени на источната трибина и делот кој е наменет за гостинските приврзаници на Наионалната Арена „Филип Втори“.

Како што објави Зенит на својата официјална интернет-страница, збирно место за сите приврзаници на „сино-белите“ ќе биде плоштадот „Филип Втори“ пред хотелот „Стоун Бриџ“ и оттаму, Русите ќе бидат спроведени до стадионот „Филип Втори“. Собирањето на приврзаниците на рускиот клуб е закажан за до 19.30 часот, по што навивачите ќе се упатат кон стадионот.

Исто така, на плоштадот „Филип Втори“ ќе има пункт за влезници, каде руските навивачи ќе може да дојдат до билет за да присуствуваат на мечот. Како што информираат од службата за безбедност на Зенит, навивачите мора сите да бидат на зборното место пред тргнување и задолжително е присуството, затоа што потоа нема да може да се влезе на Арената.

Пред хотелот „Стоун Бриџ“ вторпат се собираат навивачи, затоа што на овој дел зборно место и фан-зона имаа приврзаниците на Реал Мадрид, пред дуелот во Суперкупот на Европа, кој се одржа на 8 август во Скопје.

Дуелот на Вардар и Зенит се игра вечерва од 21.05 часот.