За „ножичките“ на Тареми ќе се зборува уште долго (ВИДЕО)

Порто можеби испадна од Челси, но голот на Меди Тареми веројатно е најубавиот погодок постигнат до сега оваа сезона во Лигата на шампиони. 

Фудбалерот на португалскиот состав погоди со фантастични „ножички“, кои потсетија на оние легендарните на Вејн Руни против Манчестер сити. На забавената снимка голот изгледа уште подобро, па можете слободно да го изгледате повеќе пати и да се воодушевувате. 

И гратис две фотографии од моментот...