Вардар не освојува бодови, ама барем дава евроголови (ВИДЕО)

Хуан Фелипе доби сериозна конкуренција во Дејан Блажевски за најубав гол на Вардар во Лига Европа, откако и вториот погодок во деби сезоната на црвено-црните во големото друштво беше вистинско голчиште.

Блажевски пред крајот на мечот, по еден корнер зафати волеј од 16 метри и ја погоди мрежата на Зенит за да му парира на Фелипе за неговата мајсторија со лоб во финишот од мечот, кога го даде евроголот против Розенборг во стил на Марадона.

Еве го голот на Фелипе во Трондхајм пред два месеци.

Мајсторијата на вардаровата деветка погледнете ја уште еднаш