
Стојковиќ: Исфрустрирани сме, планот беше да победиме вечерва
„Исфрустрирани сме и тоа е нормално кога ќе загубите. Тоа не беше наш план, планот беше да победиме вечерва. Делувавме моќно на теренот, не се исплашивме, освен во првите 15 минути кога свесно им ја дадовме топката на Англичаните. Покажавме дека можеме да играме против најдобриот тим во светот. Мислам дека треба да бидеме горди, освен на резултатот. Одиме понатаму, нашиот тим може многу и тоа ќе го покажеме на следниот натпревар“, изјави Пикси.
Во второто коло, в четврток од 15 часот, Србија ќе игра со Словенија која денеска ремизираше со Данска.