Стерлинг се израмни со Лампард, па сега ќе ги брка рекордите на Руни и Сколс

Манчестер сити го доби дербито против ПСЖ во Лигата на шампиони (ЛШ), а еден од стрелците на головите беше Рахим Стерлинг кој го стигна легендарниот Франк Лампард по број на голови во елитното натпреварување.

Стерлинг има постигнато 23 гола, колку што има и неговиот сонародник Лампард, па сега пред него е Пол Сколс со еден погодок повеќе, додека на првата позиција е Вејн Руни со 30 голови како најдобар англиски стрелец во ЛШ.