Салах ќе игра во финалето на ЛШ со копачки направени со Ф1-технологија! (ФОТО)

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, ќе ги претстави во Киев копачките кои се инспирирани со дизајнот и технологијата која се користи во светот на Формула 1 (Ф1) и професионалниот велосипедизам.

Копачките на Адидас требаше да се појават за првпат на Светското првенство, но Салах ги „натера“ да побрзаат.

Тие се направени за да ги направат брзите фудбалери уште побрзи. Луѓето задолжени за развојот и производството во Адидас, веруваат дека „Енерџи моуд“ копачките им дозволуваат на играчите да се движат побрзо.

Салах сезонава имаше спринт од 34,93 км на час, а тоа го смести на 18. место во Премиерлигата, но сите кои го гледаат, знаат дека човекот има голема експлозивност

Дизајнерите потрошија есеци на тестирање на технологијата и потоа ги создадоа копачките кои се без врвки, а користеа принцип на скелетна мрежа за да се намали количината на материјал потребен во производството на копачките, а со тоа и нивната тежина.

Концептот е инспириран од екипите во Ф1 и велосипедизам за развивање на дизајни и делови кои ја намалуваат тежината на болидот, односно велосипедот и дозволуваат да се движат побрзо со помалку енергија.

Освен Салах, во финалето на Лигата на шампиони, исти копачки ќе носат најверојатно Герет Бејл, Карим Бензема и Марсело.