Салах не ги прослави головите! (ВИДЕО)

Ливерпул води против Рома со 2-0 по првото полувреме, а стрелец на двата гола беше Мохамед Салах во 36. минута и во првата од судиското продолжение.

Новата ѕвезда на Ливерпул постигна брилијантен погодок за 1-0, со пласиран шут од работ на шеснаесетникот, меѓутоа одби да го слави. Тој мина две сезони во Рома и покажа дека овој клуб значел нешто во неговата кариера, па се воздржа.

Иста слика се случи 10 минути подоцна, кога тој и Фирмино поведоа еден контра напад, а Египќанецот само ја „поткопа“ топката на голманот на Рома за 2-0.

Ова беа 42. и 43. гол за него во сите конкуренции оваа сезона, деветти и десетти во Лигата на шампионите. Пред него, Мане имаше три фантастични шанси, од кои две завршија над голот, една во мрежата, но беше досуден офсајд. Рома се закани преку Коларов, кој ја погоди пречката.