Роберт Левандовски ќе ја освои „златната топка“! (ФОТО)

Полската суперѕвезда Роберт Левандовски е нов освојувач на „златната топка“, објави угледната „Марка“, а и уште неколку други европски меидуми, откако на виделина излезе документ со бројот на освоени гласови за најпрестижната награда која ја доделува францускиот магазин „Франс Фудбал“.

Левандовски според пласманот освоил 627 гласови и го победил Лионел Меси од ПСЖ во трката за најпрестижната награда, додека Карим Бензема е трет во изборот.

Полјакот беше прв кандидат за наградата во ланската 2020 година, но „златната топка“ поради прекинот на сезоната и пандемијата не беше доделена, па фудбалерот на Баерн Минхен ја доби само наградата „Бест“ која ја доделува ФИФА.

Меси беше посочен како главен кандидат за седма „златна топка“ по ред, но многу бура се крена во случајот со Аргентинецот, кој годинава првпат освои трофеј со Аргентина и многу аналитичари и бивши фудбалери посочуваа дека Левандовски, Бензема или италијанскиот репрезентативец Жоргињо, кој стана европски првак и клупски и репрезентативен, треба да ја освојат наградата. Левандовски исто така за минатата сезона ја освои „златната копачка“.

Ако Левандовски победи, ова веројатно ќе биде и исправање на неправдата што лани оваа награда не му беше доделена, кога со Баерн освои буквално сѐ.