
Полската федерација застана зад Марчињак: Обвинувањата се необјективни!
Марчињак беше обвинет од невладиното здужение „Никогаш повеже“ за учество на конференција организирана од крајната десница во Полска, предводена од Славомир Менцен, која има екстремистички и дискриминаторни ставови за евреите, хомосексуалците, абортусот, даноците и за Европската унија.
УЕФА има нула толеранција за каква било поврзаност со дискриминација, па медиумите од Европа напишаа дека Марчињак можеби ќе биде симнат од должноста за финалето на 10 јуни. Сепак, во негова одбрана излезе ПЗПН, објаснувајќи го случајот.
„Шимон Марчињан даде темелно објаснување на ПЗПН за целата ситуација. Тоа покажува дека тој не го познава Славомир Менцен и дека никогаш не ни разговарал со него. По разговорите и сослушувањето на судијата и по собраните докази, ПЗПН ги одбива сите обвинувања за Шимон Марчињак
Според нашите информации, Марчињак учествувал во бизнис-конференцијата 'Еверест' како поканет говорник. За време на конференцијата, тој дал 40-минутна презентација на тема мотивација. Конференцијата се одржала на 29 мај во Катовице. Целата конференција имала 12 говорници, но веднаш по својот настап, Шимон Марчињак заминал за Варшава, каде што учествуваше на гала вечерта по повод завршувањето на сезоната во Екстракласа.
Материјалите кои ги собравме покажаа дека политичките демонстрации организирани од Славомир Менцен се одржале на други датуми и во други градови. Поврзувањето на присуството на Шимон Марчињак на бизнис-конференција со политички демонстрации организирани од Славомир Менцен, со кои нашиот арбитар нема ништо заедничко е неразбирливо.
Во случајот на вакви обвинувања, насочени кон Шимон Марчињак, потребна е објективност и аргументи. Во овој случај тоа недостигна и Марчињак е погрешно обвинет, без да има можност да се брани. ПЗПН и нашите судии се аполитични. Се надеваме дека УЕФА ќе ги земе предвид очигледните факти во носењето одлука“, пишува во соопштението.