Погодок за Жесус, најдобар играч на Сити е - „кралот“ Варан (ВИДЕО)

Апсолутно е нереално какви грешки прави Рафаел Варан на вечерашното гостување на Реал Мадрид кај Манчестер Сити, кој откако го подари првиот, направи катастрофална грешка и при второто погодок на противникот со кој „граѓаните“ поведоа со 2-1 и се најдоа пред портите од ТОП-8 турнирот од Лигата на шампионите во Лисабон.

Стрелец овој пат беше Габриел Жесус, кој идентично како Рахим Стерлинг одлично ја искористи грешката на противничкиот дефанзивец и само ја смести топката во мрежата. Сити сега има вкупни 4-2 и само чудо може да го спаси Реал Мадрид од осминафинална елиминација.