Пандев во одбрано друштво на Евро 2021 со – Рамос, Роналдо, Левандовски, Модриќ, Азар... (ФОТО)

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев се најде во одбрано друштво на џиновски имиња како Серхио Рамос, Кристијано Роналдо, Лука Модриќ, Еден Азар, Роберт Левандовски, меѓу 21 фудбалер во изборот на УЕФА во едно интересно рангирање за Евро 2021 - „сентуриони“ (фудбалери со над 100 настапи за своите репрезентации).

Пандев веќе има 114 настапи за Македонија и пред повеќе од две години го надмина дотогашниот рекордер Гоце Седлоски по број на настапи за Македонија, а капитенот на националниот тим стигна до историски пласман со црвено-жолтите после баражот во Лигата на нации во октомври и ноември лани.

Калчолигашката ѕвезда ќе ја предводи Македонија на дебито на Македонија на големите натпреварувања, по што многу извесно е дека тоа ќе му биде последниот настап за црвено-жолтите и ќе замине во пензија.

„Долгогодишната ѕвезда на својата земја, Горан Пандев доживеа бајковито крешендо во кариерата, откако со Македонија стигна до пласман на Евро 2021 и ќе игра на својот прв голем турнир на 37 години. Пандев го даде плејоф-голот со кој Македонија ја обезбеди визата за ЕП во Грузија“, пишува УЕФА.

На долгата листа од 21 фудбалер, кои ќе играат на овој континентален самит со мината магична граница од 100 настапи е Серхио Рамос, кој убедливо има најмногу настапи, дури 178 за Шпанија, следи Роналдо со 170 за Португалија, а тука се уште многу други ѕвезди, кои од еден поинаков агол ќе го одбележат претстојното Европско првенство кое ќе се игра во 12 градови низ Европа среде глобална пандемија со коронавирус.

Македонија е во групата Ц на Евро 2021 и ќе дебитира во мечевите со Австрија (13 јуни), Украина (17 јуни), двете во Букурешт, како и со Холандија (21 јуни) во Амстердам.

Целата листа на УЕФА за одбраното друштво на „сентуриони“ на Евро 2021 може да ја прочитате ТУКА.