Од Вест Хем се бесни: Игравме против 11 играчи и тројца судии!

Вест Хем синоа беше елиминиран од Лига Европа откако одигра само 1-1 против Баер Леверкузен, а на првиот меч во Германија беше поразен со 2-0.

Чеканите имаа водство од 1-0 и бркаа втор гол за да ја анулираат предноста на Германците, но наместо да дадат, во 89. минута примија гол и Баер Леверкузен по 44. пат сезонава не загуби меч.

Во Вест Хем имаат многу забелешки на судењето, гневни се и фудбалерите и навивачите, а јавно тоа го кажа фудбалерот Антонио.

„Разочарани сме, дадовме сѐ од себе, но тешко е да се бориш против сите ситуации. Бројни одлуки беа на наша штета. Не игравме само против 11 играчи на Баер, туку игравме против 14, главниот судија и двајцата помошници“, вели Антонио.