Од Курасао до Јужен Судан: Вардар – Зенит ќе го гледаат 71 земја во светот

Европското деби на макеоднскиот шампион Вардар во групната фаза во Лига Европа против рускиот гигант Зенит ќе го гледаат 71 земја во светот.

Како што објави официјалната интернет-страница на Зенит, пресметката на Националната Арена „Филип Втори“ вечерва во 21.05 часот ќе биде пренесувана во земји кои се фудбалски велесили како Аргентина, Италија, Германија, Франција, Шпанија, но и во земји кои едвај може на карта да ги најдете од Курасао, Јужен Судан, Џибути, Брунеи, Лаос, Мавританија, Палестина, Сомалија... Сите земји каде што ќе се пренесува дуелот Вардар – Зенит може да ги видите тука.

Вардар и Зенит вечерва ќе играат во првото коло во групата Л во која вториот меч од оваа група се игра во Сан Себастијан, каде Реал Сосиедад го дочекува Розенборг, исто така од 21.05 часот.