Ништо не поминува без скандал: Дали третиот гол на Ливерпул беше офсајд? (ФОТО)

Големи дилеми направи третиот гол на Ливерпул на мечот против Рома во полуфиналето на Лигата на шампиони, кој го постигна Садио Мане по асистенцијата на Мохамед Салах.

Топката која дојде од одбраната стигна до Салах, кој подоцна му асистираше на Мане за 3-0 во 56. минута, а постои можност Египќанецот да бил во офсајд.

На социјалните мрежи се крена голема „прашина“ поради целата ситуација, а дали е офсајд или не, најдобро може да процените сами.