Навивач на АЕК ги провоцираше Израелците со - маичка на Хезболах (ВИДЕО)

Грчкиот клуб АЕК славеше против израелски Хапоел Беер Шева со 1-0 во првиот меч од второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА, но натпреварот го одбележаа и инциденти затоа што домашните навивачи се појавија со палестински знамиња, а еден од нив имаше и маичка на Хезболах.

Полицијата веднаш се активираше и почна да ги апси навивачите кои изразија револт против Израелците поради случувањата во Палестина, но по мечот на социјалните мрежи големо внимание привлече и мажот со маичката на Хезболах.

Хезболах е прогласена за терористичка организација од шест земји, меѓу кои се САД и Обединетото Кралство, а во минатото имаа пресметки со Израел.