„Најдоброто нешто во вториот дел беше измената на Левандовски!„ (ФОТО)

Српскиот шампион Црвена Звезда вечерва доживеа дебакл во Белград од германскиот великан Баерн Минхен со 0-6 во петтото коло во ЛШ, а брилјираше полската ѕвезда Роберт Левандовски со четири гола за 15 минути.

Баварците ги распарчија црвено-белите со спектакуларен меч во кој најдобриот напаѓач беше главна ѕвезда, а после шоуто што го приреди Левандовски, Ц. Звезда сама си се истрола преку официјалниот твитер-профил на англиски јазик,

„77. минута - Роберт Левандовски излегува. Најдоброто нешто што се случи во ова полувреме“, објавија црвено-белите.