Мурињо тргна победнички со Тотнем во ЛШ, Баерн немилосрден против Звезда (ВИДЕО)

По денешните натпревари многу работи се познати во групите од „А“ до „Д“ во рамки на Лигата на шампиони.

Најнеизведно во последното коло од групната фаза ќе биде во групата „Ц“ во која дури рти тима ќе бркаат место за пласман во нокаут фазата. Освен Манчестер Сити, кој го завери првото место на вечерашниот меч со Шахтјор, украинците заедно со Динамо Загреб и Аталанта ќе го бркаат второто место кое води во елиминационата фаза.

Шахтјор (има шест бода) во последното коло има најидеални услови за такво нешто бидејќи дома ќе ја пречека Аталанта (има четири бода), па со евентуален триумф ќе се пласира во наредната рунда. Од друга страна Динамо (има пет бода) ќе брка поволен резултат на домашен терен против фаворитот Сити.

На преостанатите натпревари, Баерн Минхен немаше милост на гостувањето во Белград, откако со 0-6 ја совлада Црвена звезда.

Јувентус со маестралниот гол на Дибала запиша победа против Атлетико Мадрид, додека Реал Мадрид и ПСЖ одиграа извонреден меч исполнет со погодоци (2-2).

Исто така и Тотнем го завери пласманот во нокаут фазата, откако го совлада Олимпијакос со 4-2. Инаку, ова е прва победа на Мурињо со Тотнем во ЛШ, откако Португалецот пред една недела го превзема кормилот на клубот, по отказот на Маурисио Покетино.

Веќе се познати неколку тимови кои ги продолжуваат настапите во елиминациската фаза, а тоа се: ПСЖ, Реал, Баерн, Тотнем, Сити и Јувентус.