Мурињо се побунил за головите на „Тодор Проески“ и едниот веднаш бил – сменет!

Интересен момент се случил пред почетокот на вечерашниот дуел помеѓу Шкендија и Тотнем, кога гостите од Лондон за време на загревањето побарале да се заменат головите на арената „Тодор Проески“.

Причина за тоа било проценката на англиските голмани дека едниот од нив бил помал, по што реагирал Жозе Мурињо, а официјалните лица на УЕФА ја потврдиле забелешката.

„Голманите ми рекоа дека едниот од головите е помал и навистина беше така. Го известивме делегатот и по мерењето на официјалните лица од УЕФА беше утврдено дека е пократок за околу десет сантиметри. Баравме да се промени и да се донесе гол со точна димензија, што и се случи“, објасни Мурињо на прес-конференцијата по натпреварот.

За ова рекација имаше и од тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока, кој не прифати било каква вина за случката.

„Ние ништо не знаевме за овој проблем. Игравме на стадион кој не е на Шкендија“ – кусо прокоментира Ѓока.