Модриќ ќе ја предводи Хрватска, Шпанија со 16-годишник против „коцкестите“

Златко Далиќ и Луис де ла Фуенте ги објавија почетните состави за првото големо дерби на Европското првенство, кое се игра од 18 часот на Олимпискиот стадион во Берлин.

Во хрватската репрезентација нема многи изненадувања, екипата ќе ја предводи и најдобриот и најискусен во тимот - Лука Модриќ иако во текот на сезоната, во дресот на Реал многу ретко беше дел од стартниот состав. Во однос на поставата на Шпанија, се чини дека квалитетот е на страната на Хрватска која има нешто поискусна екипа.

Шпанците ќе почнат со 16-годишниот Ламин Јамал кој во нападот ќе биде со Мората и Вилијамс, а изненадува одлуката на Де ла Фуенте на клупа да го остави Ојарзабал кој на последните два меча постигна четири гола. Во последната одбранбена линија Шпанија ќе истрча со Карвахал, Ле Норман, Начо и Кукуреља.