„Марка“: Рамос направи повеќе од трибини отколку неговите соиграчи на теренот!

Реал Мадрид синоќа беше поразен во реваншот против Манчестер сити со 1-2, со што се збогуваше од Лигата на шампиони, а во центар на внимание во Англија беше очајниот настап на дефанзивците Рафаел Варан и Едер Милитао.

Тренерот Зинедин Зидан не можеше да смета на Серхио Рамос, кој беше суспендиран, но сепак бараше да патува со екипата во Манчестер за да може да им даде поддршка.

„Марка“ утрово жесотко ги критикуваше фудбалерите на „кралевите“, а го пофали Рамос, кој дури и од трибините повеќе се борел за екипата.

„Рамос повторно покажа како еден капитен треба да се однесува. Цел меч го поддржуваше својот тим и се забележа дека му е тешко затоа што не може да игра на теренот. Тој постојатно им даваше совети на соиграчите и направи повеќе отколку нив на теренот“, пишува шпанскиот медиум.