Манчини: Вардар не е толку слаб, колку што покажува резултатот

Зенит убедливо со 5-0 славеше сред Скопје против Вардар во првото коло од Лигата на Европа, но тренерот на рускиот гигант смета дека Вардар е многу поквалитетен тим откколку што резултатот покажува.

„Одигравме многу добро особено во првото полувреме, офанзивно и дадовме многу голови, но покрај тоа беше тежок натпревар и дадовме се од себе. Не очекував ваков резултат, го гледав Вардар на претходните натпревари и против Фенербахче играше многу добро. Без разлика на се мислам дека Вардар е квалитетен тим и резултатот не е ја отсликува неговата вистинска сила“, изјави Манчини.

Италијанецот се осврна и на својот тими вели дека тимската игра е најважна и таа стигна до резултатот, а не индивидуалните квалитети на играчите

„Не можам да издвојам ниту еден играч кој одигра најдобро во тимот, туку игравме добро екипно, бидејќи само така се доаѓа до вакви резултати. Ќе видиме што ќе се случи во текот на сезоната имаме многу играчи и треба да работиме напорно за да стигнеме до трофејот во Лигата на Европа или домашното првенство“, заврши Манчини.