
Луди навивачи нудат и до 2.000 евра за билет за финалето во Тирана, ама за – џабе!
Богати Италијанци и Холанѓани буквално одеа од човек до човек подготвени да платат и до 2.000 евра за само едно парче хартија, што, сепак, не беше доволно бидејќи никој не сакаше да продава. Билетите што беа достапни на црниот пазар „исчезнаа“ за кусо време без разлика на цената, па на френетичните навивачи без разлика на парите не им останува ништо друго освен средбата да ја следат во некое кафуле близу стадионот во албанската престолнина.
Влезниците за вечерашното финале од КЛ беа распродадени буквално во првиот час од по отворањето на онлајн-продажбата.