Ливерпул стана прв англиски клуб кој во иста година ги освои најзначајните пехари

Екипата на Ливерпул е првиот англиски клуб кој во иста година успеа да ги освои трофеите во сите три најзначајни натпреварувања - Лигата на шампиони, Суперкупот на Европа и Светската клупска титула.

Избраниците на Јирген Клоп, вечерва славеа над Фламенго со 1-0 по продолжение во финалето на Светскиот клупски куп и на тој начин се изкачија на светскиот кров. Последен пат, до овој престижен трофеј кога се во прашање англиските клубови, дојде тимот на Јунајтед пред 11 години, откако во финалето во 2008 година го победи Кито со 1-0.