Ливерпул е во „аут“, Рома ја доби италијанската војна (ВИДЕО)

Иако постигна гол уште во деветтата минута од реваншот во Бергамо, Ливерпул не успеа да ја анулира негативата од првиот меч против Аталанта, на домашен терен и е елиминиран од Лигата Европа.

На вечерашното гостувањето, „црвените“ славеа минимален триумф, со 1-0, но тоа не беше доволно по оној дебакл пред своите навивачи со 0-3 минатата недела. Единствениот гол го постигна Мохамед Салах од пенал, Ливерпул потоа имаше уште неколку шанси, но не успеа да дојде до посакуваниот резултат.

 

 

Рома и во вториот натпревар беше подобра од Милан во италијанската пресметка од Лигата Европа и на домашен терен триумфираше со 2-1. Се беше готово по 22 минути игра во кои мрежата на „росонерите“ ја погодија Манчини и Дибала, па погодокот на Габија во 85. минута не беше доволен. Рома скапо ја плати победата бидејќи уште во првото полувреме, поради повради остана без Лукаку и Дибала.

Во полуфиналето се пласира и Баер Леверкузен кој ја продолжи серијата без пораз оваа сезона откако на гостувањето кај Вест Хем одигра нерешено, 1-1. Доволен беше триумфот во првиот меч со 2-0 со што новиот германски шампион го продолжи својот сон за тројна круна оваа сезона. Последниот патник меѓу четирите најдобри ќе биде познат нешто подоцна, откако ќе заврши дуелот меѓу Марсеј и Бенфика на кој ќе се играат продолженија.

РЕЗУЛТАТИ
Рома - Милан 2-1 (прв натпревар 1-0)
Аталанта - Ливерпул 0-1 (3-0)
Вест Хем - Баер 1-1 (0-2)
Марсеј - Бенфика 1-0 (0-1), на пенали 3-2