Левандовски по шоуто во Белград им призна на сите: Зависник сум од – голови! (ФОТО)

Полската напаѓачка суперѕвезда Роберт Левандовски имаше невидено шоу во Белград, откако за 15 минути даде четири гола и стана само вториот фудбалер после Лионел Меси, кој во ЛШ успеал да стигне до „четворка“ на меч од елитата.

И Левандовски по мечот со топката си сликаше селфи на белградска „Маракана“ за да го овековечи за себе големиот момент, ама после мечот на социјалните мрежи призна дека е – зависник од голови.

Многумина потегот го сфатија како мало сеирење на белградскиот клуб, други како духовита порака.

„Морам нешто да ви признаам... Зависник сум од голови!“, објави Левандовски.

Полјакот игра сезонава во страшна форма и речиси да нема меч на кој не постигнал гол. Првпат во Бундеслигата не даде со Диселдорф, а интересно во оваа година не ѝ даде гол ни на Македонија и тоа на два меча за 180 минути. А, толку лесно доаѓа во шанса и ги решета противничките мрежи.