Клоп за првата судијка во Суперкупот: Ќе го покажам најдоброто лице да не се лути мајка ми!

Германскиот менаџер во Ливерпул, Јирген Клоп многу често знае да ја изнасмее светската јавност со своите „луди коментари“, па пред денешниот Суперкуп на Европа против Челси во Истанбул повторно беше во елемент.

Го прашаа новинарите што мисли за одлуката на УЕФА, мечот на Ливерпул и Челси за европскиот пехар да го суди жена. Стефани Фарпарт ја доби довербата и ќе влезе во историјата како прва дама што судела машки меч во европски меч.

„Конечно! Среќен сум што ќе бидеме дел од овој историски момент. Паметна е одлуката жена да суди важен меч. Во Германија веќе тоа е случај и јас се надевам дека ова е почеток на една убава приказна и дека во останатите лиги исто така же судат жени. Сега ќе мора да го покажам најдоброто лице, ако е тоа воопшто можно, ама ќе внимавам. Инаку, мојата мајка ќе биде многу лута“, рече Клоп.