Катастрофа: Барселона никогаш претходно дома не загубила три меча по ред во ЛШ!

Баерн Минхен ѝ ја продолжи мизеријата на Барселона (3-0) на „Камп Ноу“, а тоа му донесе неколку негативни статистички податоци на тимот на Роналд Куман.

Тренерот на Барселона не го предводи тимот најдобро, а тоа го покажува и статистиката од натпреварот според која Каталонците не испратиле ниту еден удар во рамки на противничкиот гол.

Исто така, Барселона никогаш досега не загубила три меча по ред во Лигата на шампиони (ЛШ) до денеска. Тие претходно беа поразени уште од Јувентус со 0-3 и со 1-4 од ПСЖ.