Карвахал дефинитивно нема да игра на реваншот против Баерн

Баерн ќе биде ослабен за Џером Боатенг, можеби и за Арјен Робен, а и Реал ќе има кадровски проблеми воочи реванш полуфиналната пресметка од Лигата на шампионите во Мадрид.

Десниот бек на актуелниот европски шампион ја повреди десната ложа во текот на дуелот во Минхен и по лекарските прегледи беше потврдено дека ќе мора да паузира најмалку три недели, што значи дека нема ги игра ниту преостанатите натпревари во Шпанија, но ќе биде подготвен за финалето во елитниот куп, во Киев. Секако, под услов Реал да ја сочува предноста од првиот дуел.

Инаку, дека тој е „пеницилиниот“ за Баерн најдобро говори податокот дека Дани Карвахал е единствениот играч во историјата на фудбалот кој славел на четири гостувања по ред на „Алијанц Арена“. Најпрвин во 2012 во дресот на Леверкузен (2-1), а потоа со Реал во нокаут фазите од Лигата на шампионите (4-0, 2-1 и 2-1).