Италијанците „удрија“ по Спалети: Се што направи - направи погрешно!

Шпанија вчера во Гелзенкирхен во дербито на колото во групата „Б“ со 1:0 ја победи Италија и така го обезбеди првото место во групата и пласманот во осминафиналето.

Моментот на одлука се случи во 55. минута кога Нико Вилијамс одлично нафрли, а несреќниот Рикардо Калифиори си ја смести топката во мрежата.

Во текот на комплетните 90 минути гледавме доминација на „Фуријата“ и вистинско чудо е што Италија помина само со еден гол во мрежата. Италијанците немаа ниту една сериозна закана кон голот на Симон додека Донарума беше нивниот најдобар поединец бидејќи спасуваше неколку „чисти“ ситуации.
Италијанските медиуми жестоко критикуваат, а скоро сите го посочуваат Алегри како главен виновник.

„Спалети можеби е одличен тренер, но некои негови одлуки се сосема погрешни“, изјави заменик уредникот на „Газета дело спорт, Стефано Агрести.

„Почнувајќи од одлуката Ди Лоренцо да стартува против Нико Вилијамс, потоа одлуката да го остави на теренот толку долго. Почетниот состав беше погрешен, а првите замени беа поедеднакво неубедливи бидејќи Ди Лоренцо остана на теренот со Киеза. Шпанија ја уништи Италија по таа страна во првото коло. Не е целосна вина на Спалети затоа што Италија нема толку квалитет како Шпанија, но дефинитивно имаше погрешни одлуки“, додаде Агрести.

Критики за Спалети имаше и поранешниот тренер на Интер, Андреа Страмачиони.

„Направи чекор назад. Вистински пораз за проектот на Спалети. Против Албанија 70 минути видовме добра Италија, но сега со измените на Жоргињо и Киеза покажа дека не верува и во тоа. Премногу го наруши тимот во второто полувреме“, изјави Страмачиони.