Им се падна ПСЖ во четвртфинале, но тие се оптимисти: Ова е сон за нас!

Денеска во Нион беше одржана ждрепката од Лигата на шампиони, а беа откриени можните четвртфинални дуели, а еден од нив е меѓу Аталанта и ПСЖ.

Победникот од дуелот ќе игра против подобриот од мечот меѓу Лајпциг и Атлетико Мадрид. Можеби ПСЖ е задоволен од ждрепката, но спортскиот директор на францускиот шапион Леонардо не го потценува противникот.

„Аталанта нема загубено на последните 11 натпревари. Ќе биде убаво да се поздрават пријателите од Италија и повторно да се сретнеме со нив“, кажа Леонардо.

Од друга страна, претседателот на Аталанта е оптимист и вели дека е воодушевен што ќе играат против ПСЖ.

„Ова е сон за Аталанта, самиот факт што сме во четвртфинале. Исто така, ова е историско за градот Бергамо... ПСЖ е моќен тим. Ќе се обидеме да ги искористиме нашите шанси“, кажа првиот човек на клубот.