Хорор во Германија: Тројца избодени додека во двор гледале фудбал – убиецот ликвидиран!

Тројца навивачи синоќа во Мајнхајм биле избодени со нож и тоа во дворот на куќата каде што организирно се следел натпреварот помеѓу Германија – Шкотска, прв на ЕП 2024.

Според полициските информации, сторителот бил „јужен тип“, што е прифатен назив за мигрантите од Азија и Африка. Тој наводно со нож им се заканувал на луѓето во дворовите спроти улицата, поради што мештаните веднаш повикале полиција. Кога напаѓачот влетал во куќата и почнал да ги боде навивачите, луѓето почнале панично да врескаат и да бегаат. Непознатиот маж пред овој напад веќе убил еден човек на друга локација.

Кога по неколку минути пристигнале полицајците, убиецот тргнал кон нив, а потоа и ги нападнал.

„Униформираните лица употребија огнено оружје за да го неутрализираат напаѓачот“, изјави портпаролката на полицијата.

Напаѓачот нешто подоцна починал во болница.