„Грми“ во Торино: Брих е навреда за фудбалот, треба да го избркаат од УЕФА!
„Тутоспорт“ беше најжесток со своите критики по инцидентот, а судијата Феликс Брих го нарече навреда за фудбалот и јавно побараа да биде избркан од УЕФА.
Најавена е и остра реакција од Андреа Ањели, до кој се очекува да го искористи својот авторитет во европската куќа на фудбалот и да го критикува судијата.
Од друга страна, Роналдо се соочува со казна од три натпревари, а тоа дефинитивно нема да му се допадне затоа што ќе мора да го пропушти дуелот против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“.
УЕФА во моментов е под голем притисок поради скандалозната одлука на Брих, па сите со нетрпение ја очекуваат одлуката на дисциплинската комисија.