Фердинанд го испофали Јамал и праша: Како да се сопре?

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал со своите игри на Европското првенство стана главна тема, пофалби стигнуваат од сите страни, а Рио Фердинанд тоа го направи темелно.

Јамал има само 16 години, а импресионира со својата зрелост. Фудбалерот урна многу рекорди за најмлад фудбалер, ги помести границите.

„Со каква смиреност само игра. Игра како некој кој со години е врвен фудбалер. Носи брзи одлуки и едноставно го одбира правото додавање во право време. Игра едноставно, а верувајте, тоа воопшто не е лесно. Сите знаеме како е кога сте млад играч кој доаѓа во тимот, особено во националниот тим. Одма сакате да им докажете на другите зошто сте тука, па често знаете да „изгорите“ во желбата. 9 од 10 пати, младите играчи ќе претераат со дриблинзите, ќе погрешат при додавање или ќе се обидат да направат нешто што нема да помине. Ние ниту еднаш не кажавме вакво нешто за Јамал. Тој го прави спротивното, 9 ипол пати од 10, ја носи правата одлука. И тоа со само 16 години“, вели Фердинанд.

„Прашањето сега е како да се сопре Јамал? Ова е загатката која ќе треба да ја решат противниците. Ако одлучите да му се залепите, ќе ве издрибла и ќе ве помине. Ако му оставите простор, ќе даде прецизно додавање или ќе шутне од далечина, а видовме каков шут има. Вообичаено, крилните фудбалери се многу брзи и менуваат правец, но не се толку вешти кога се во прашања додавањата. Епа Јамал знае и да додава“.