Фантастичната одбрана на Мартинез по ударот на Кејн во 95. минута (ВИДЕО)

Aстон Вила приреди изненадување и го совлада Баерн Минхен во вчерашните натпревари од Лигата на шампионите со 1-0.

Единствениот гол кој им донесе три бода Астон Вила го постигна во 79. минута преку Дуран, но подеднакво важна за победата на Астон Вила сигурно е и одбраната на Аргентинецот Емилинано Мартинез.

Одличниот Мартинез во 95. минута имаше една фантастична интервенција по ударот со глава на Хари Кејн. Ќе потсетиме, арбитрите во првото полувреме и поништија еден погодок на домаќините поради недозволена позиција.