Драма во Истанбул, Олимпијакос првпат во историјата ќе игра европско полуфинале

Екипата на Олимпијакос испиша нова страница во својата историја откако првпат обезбеди пласман во полуфинале од европските купови, поточно во Конференциската лига.

Грчкиот тим славеше на пенали на гостувањето кај Фенербахче со 3-2 откако по 120 минути игра, резултатот беше 1-0 за домашниот тим. Првиот меч во Пиреја заврши со триумф на Олимпијакос со 3-2, поради што се пристапи кон изведување пенали.

Херој беше голманот на Олимпијакос, Цолакис кој ги одбрани ударите на Тадиќ, Ундер и Бонучи. Грчкиот тим можеше да ги реши сите дилеми пред ударот на Бонучи, но шутот на Родинеи го одбрани Ливаковиќ, топката удри во пречката, па на гол-линијата, но не ја помина. Сепак, Цолакис подоцна го одбрани ударот на италијанскиот ветеран и Олимпијакос обезбеди пласман во полуфиналето каде ќе се сретне со Астон Вила.

РЕЗУЛТАТИ
Фиорентина - Викторија Плзен 2-0 (прв натпревар 0-0)
Лил - Астон Вила 2-1 (1-2), 3-4 на пенали
Фенербахче - Олимпијакос 1-0 (3-2), 2-3 на пенали
ПАОК - Бриж 0-2 (0-1)

ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО
Астон Вила - Олимпијакос
Фиорентина - Бриж