Децата на Хајдук ја збришаа Борусија среде Дортмунд и обезбедија полуфинале во ЛШ!
Огромен успех за Хајдук до 19 години, сплитскиот тим има светла иднина, момците херојски ја совладаа Борусија Дортмуна на нејзин терен и се пласираа во полуфиналето на јуниорската Лига на шампиони.
Ветар во грб имаа од навивачката група на Хајдук, „Торцида“ кој на овој меч отпатува во невидена бројка за младински фудбал, 5.000 навивачи од Сплит беа на натпреварот да им дадат поддршка на младите момчиња.
Резултатот беше отворен во 72. минута, Хајдук поведе со гол на Антуновиќ, четири минути подоцна Борусија Дортмунд изедначи од пенал со погодок на Ријкоф.
Пенал серијата беше посебна приказна, во осум серии никој не промаши, Хајдук го даде и деветтиот гол, Борусија Дортмунд го промаши својот шут, по што можеше да почне славјето на сплитскиот тим.
Хајдук во полуфиналето ќе игра против Милан, а втората двојка е Спортинг Лисабон и АЗ Алкмар кој го шокираше Реал Мадрид победувајќи го со 4-0.