Секоја прес-конференција на фудбалскиот клуб Црвена Звезда предизвикува воодушевување кај новинарите и кај медиумите и тоа најмногу поради згодната портпаролка, Татјана Шајковиќ. 

Така беше и синоќа за време на пресот на Црвена Звезда пред дуелот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Шајковиќ се појави во провокативна облека со големо деколте и предизвика воздишки кај сите присутни.

Медиумите повеќе пишуваат за нејзината убавина, отколку за натпреварот, што вечерва ќе се игра на „Рајко Митиќ“ во Белград.