Блицкриг на Шпанците - за три минути два пати ја затресоа мрежата на Хрватска (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шпанија води со 2-0 по нешто половина час игра од дербито на првото коло, против Хрватска.

Иако „фуријата“ доминираше и во претходниот дел од мечот, двата гола беа постигнати во период од само три минути - во 29. и 32. минута. При двата гола во главна улога беше Фабијан Руиз, прво одлично му асистираше на Мората кој излезе сам пред Ливаковиќ и го совлада, а потоа самиот ја затресе мрежата на хрватскиот голман.

Мора да се истакне дека и Хрватска имаше свои шанси и тоа по двата гола на Шпанија. Прво Ковачиќ шутираше од работ на шеснаесетникот, но Симон одбрани, а потоа Брозовиќ и Мајер во иста акција не успеаја да ја затресат мрежата на Шпанија.