Баерн Минхен ја декласира Викторија Плзен за 45 минути (ВИДЕО)

Германскиот шампион Баерн Минхен е на добар пат до нови три бода во Лигата на шампиони (ЛШ), откако на полувреме води со 3-0 против Викторија Плзен во третото коло од групната фаза.

Лирој Сане постигна прекрасен гол во седмата минута за водство на Баварците, а предноста ја зголеми Серж Гнабри во 13. минута, додека Садио Мане со одличен пробив ги претрча противничките ривали и ја затресе мрежата на гостите по третпат на мечот (3-0).