Араухо му одговори на Гундоган, односот меѓу двајцата играчи на Барса не е најдобар!

По елиминацијата на Барселона, Гундоган јавно го искритикува Араухо велејќи дека подобро било да примат гол отколку да добијат црвен картон и дека тоа било детаљ кој го одлучил победникот, дефанзивецот сега го врати ударот.

Денеска Араухо се појави на хуманитарен настан, па новинарите веднаш го прашаа да каже што мисли за изјавата на Гундоган.

„Нема јавно да кажам што мислам за коментарите на Гундоган, имам код и вредности кои мораат да се почитуваат“, вели Араухо.

„Жал ми е за елиминацијата, се чувствувам како и сите навивачи. Мојот старт беше 50/50, доколку судијата не свирне, ништо нема да се случи, доколку свирне, мора да покаже црвен картон“.

„Не чувствувам вина за елиминацијата. Очигледно мојот картон влијаеше на текот на натпреварот, но многу аспекти се во прашање. Им благодарам на навивачите кои ми дадоа поддршка“.