„Ако не го продадевме Салах, немаше да играме во ЛШ“

Спортскиот директор на Рома, Мончи, вели по поразот од Ливерпул (5-2) во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) дека Рома не можела да го задржи Мохамед Салах, кој им даде два гола на „Енфилд“.

Летоска Рома го продаде Салах на Ливерпул за 42 милиони долари, а по фантастичната форма и 43 постигнати голови сезонава, логично е да се постави прашањето дали Египќанецот морал да биде продаден.

„Моравме да го продадеме пред 30. јуни за да ги исполниме барањата на УЕФА за финансискиот фер-плеј. Немавме друг избор, зашто тој сакаше да замине, а ние тоа го сакавме зошто немаше друг излез. Тука беше понудата од 42 милиони и ние ја прифативме“, вели Мончи.

Спортскиот директор зборуваше и за средбата меѓу Ливерпул и Рома.

„Бевме мртви, но тие самите не вратија во живот. Веќе еднаш направивме пресврт и мораме повторно. За неутралните навивачи и фановите на Ливерпул, ова беше навистина забавен натпревар, но овој резултат не боли нас“, објасни Мончи.