Затоа Роналдо е резерва: Гонсало Рамош го проби Зомер за водство на Портигалија (ВИДЕО)

Гонсало Рамош, изненадувањето на Фернандо Сантош против Швајцарија на сметка Кристијано Роналдо да остане резерва излезе полн погодок, зашто од првата вистинска шанса, напаѓачот со мајсторски гол го разби Јан Зомер за водство на Португалија.

Одчичната топка од Жоао Феликс, Рамош успеа да ја претвори со прекрасен гол и да го измами Зомер на првиот дирек, па Португалците го направија првиот чекор кон четвртфинале, каде Мароко ги чека после сензацијата против Шпанија.