
Вардаровото дете Јасир Асани замина на печалба во Ј.Кореја за вкупни два милиони долари
Асани, со посредство на македонскиот менаџер Александар Јовков, потпиша за Гвангжу во корејската лига и од јануари ќе игра во првенството на осминафиналистот од СП после година ипол во унгарскиот шампионат, вкупниот трансфер изнесува два милиони долари.
Асани, покрај дресот на Вардар, играше и за Шкупи, Победа, албански Партизани и шведски АИК Стокхолм, а беше младински македонски репрезентативец, селектиран во „златната генерација од Еуро 2017“, но реши да игра за западниот сосед.
Асани сега ја чека визата за да замине за Кореја и да ги мине лекарските прегледи пред официјално да го потпише договорот и да биде официјално промовиран.
„Мислам дека завршив добра работа во изминативе година ипол, посебно зашто излеговме на меѓународна сцена. Среќен сум што дадов голем придонес во остварување на целите и секој фудбалер има обврска да помогне да се остварат тие цели, а ако е тоа успешно, знали дека сте ги оствариле и личните цели и тој успех ве турка погоре во кариерата, што се случи со мене во случајов. Сакам да им заблагодарам на сите навивачи за поддршката кон мене и кон тимот, знам дека ќе им недостигам. Тие направија да се чувствувам во Кишварда како дома. Сега овој клуб има еден навивач повеќе, а мене ме чека нов предизвик од кој не се плашам“, рече Асани.