Суперкласико пак се одложи: Ривер и Бока ќе играат во нов термин! (ФОТО)

По хаосот кој се случуваше пред „Монументал“ во пресрет на дербито помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс во реванш-средбата на Копа Либертадорес, организаторите решија да направат уште една промена.

Откако прво беше поместен почетокот на дербито од 21 часот во 22 часот, организаторите решија да го поместат повторно и сега се очекува дуелот да почне од 23.15 часот.