Стравична мајсторија: Аргентинец постигна погодок кој ќе се памети – долго (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Платенсе и Сан Лоренцо (2-4), одигран ноќеска од Лига Купот на Аргентина, ќе се памети долго, но не поради триумфот на гостите, туку поради маестралниот погодок на фудбалер од победничкиот тим.

Станува збор за мајсторијата на Габриел Рохас, кој беше стрелец на третиот гол на Сан Лоренцо, на начин кој во најмала рака беше – неверојатен. Тој прво ја прими топката на гради, а потоа со своевидни ножички ја смести топката во мрежата.

Погодокот на Рохас дефинитивно ќе влезе во конкуренција за наградата „Пушкаш“ за најубав гол на годината.