Со раскантано комбе патуваа 6.500 километри и успеаа да направат подвиг во Африка!

ФК Бинга е второлигаш од Мали, клуб кој во минатата сезона направи сензација откако го освои Купот на својата земја, ама овој клуб не застана само во национални рамки, зашто подвигот го прошири на континентално ниво и тоа на невиден херојски начин откако желбата на фудбалерите ги победи сите пречки и авантури со патувањето во раскантано комбе.

Бинга успеа да се пласира во Конфедерацискиот куп на Африка, пандан на Лига Европа на Стариот континент, затоа што сите ги прежалија, мислеа дека брзо ќе испаднат, а тие испишаа приказна која долго ќе се прераскажува.

Бидејќи се работи за сиромашен клуб, Бинга тргна на патешествие со автобус за Либерија, ама само до границата, зашто поради лошите патишта, мораше да се сместат во раскантано комбе за да одат на мечот. Но, успеаа после домашните 3-0, на гости да загубат само со два разлика за да ја минат првата квалификациска фаза и да го елиминираат Монровиа Клуб Бревие.

Следна рунда им било гостување во Буркина Фасо, кај Јенега, а кога дома загубија со 0-1 сите ги отпишаа, но... Патувањето кое за разлика од Либерија кое беше 1.740 километри, сега требаше да им биле прелесно, само 500 километри. Сепак, африканската конфедерација ја исколпликувала ситуацијата, па мечот се играл во Брегот на Слоновата Коска, а тоа значело нови 1.500 километри пат.

А, и покрај сите препреки, ужасниот пат и клацкањето на фудбалерите, успеале во завршницата да дадат гол, да изборат пенали и преку нив со 7-6 да обезбедат групна фаза во Конфедерацискиот куп.

Кога сѐ ќе се собере со патувањата и враќањето дома, поминале 6.600 километри, ама на крај храброто срце победило.