Швајцарија ѝ прати 9,3 килограми чоколадо на Северна Ирска во знак на благодарност

Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин ѝ испрати 9,3 килограми чоколадо на фудбалската репрезентација на Северна Ирска во знак на благодарност за помошта што ја добија, за Швајцарците директно да се пласираат на Светското првенство во Катар догодина.

С. Ирска одигра реми без голови со европскиот шампион, па Швајцарија која ја растури Бугарија со 4-0 во последното коло во мундијалските квалификации го завери првото место и директниот пласман на Мундијалот.

Јакин после мечот вети дека ќе ги почести северноирските фудбалери, а Швајцарија е позната по чоколадата, па испрати 9,3 килограми и многумина се збунија зашто баш толкаво количество. Причината е Јакин ветил по 100 грама чоколадо за секоја одиграма минута со Италија, а севкупно се одиграа во ремито 93 минути.

Финансиски подарокот не е нешто кој знае што, ама потегот на Јакин ги воодушеви сите во Северна Ирска.